Димитриев  на отворање на фабриката „Гентерм“ во Прилеп

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, денеска ќе присуствува на отворање на фабрика за автомобилски делови на компанијата „Гентерм“ во општина Прилеп.

Инаку, фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија „Гентерм“, која денеска ќе биде пуштена во употреба во ТИРЗ Прилеп 1, е инвестиција од 20 милиони евра, со планирани 2.000 директни вработувања.

„Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „Ферари”, „Порше”, „Бентли”, „Рено”, „БМВ”.

Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите.

Дел од ангажараните вработени веќе поминаа обука во капацитетите на „Гентерм“ во Украина.