Димитриев на средба на премиерите од Западен Балкан

Покрај Димитриев и домаќинот на средбата, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, кој одржа поздравен говор, на средбата во Сараево учествуваат и премиерите на Албанија, Црна Гора, Косово и Србија, Еди Рама, Душко Марковиќ, Иса Мустафи и Александар Вучиќ, како и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано.
Звиздиќ во своето обраќање на отворањето на самитот порача дека сите земји од Западен Балкан ги исполнуваат своите барања од европската агенда и додаде дека за Босна и Херцеговина мината 2016 година била најуспешна на тоа поле.
Еврокомеарот за проширување Јоханес Хан нагласи дека е добро што премиерите на сите шест земји од Западен Балкан се денеска во Сараево и потенцира дека вакви случувања и во иднина треба да се одржуваат во регионот за да се подготви да биде член во Европската унија.
Се очекува во останатиот дел на самитот главна тема на разговор да биде енергетиката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.