недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Димитриев: Со поништувањето на аболицијата за политичарите има простор за смирување на страстите

sobranie-dimitriev

Последни вести

Премиерот Емил Димитриев смета дека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов имал добра намера кога го носел актот за аболиција, но поради наелектризираната политичка состојба ефектот од актот бил таков што претседателот морал да го поништи.

По носењето на аболицијата целиот предмет се стави во политички контекст при што главен акцент се даде на политичарите кои беа дел од овој акт. Со поништувањето на аболицијата за политичарите сметам дека има простор за смирување на страстите, а за останатите постои законско решение со кое по нивно барање може да биде повлечена аболицијата, изјави Димитриев прашан за коментар за одлуката на Иванов да ја поништи аболицијата за политичарите.

Димитриев потенцира дека има законска форма за поништување на лично барање и на аболицијата за останатите аболирани лица.

Од функционален аспект  не гледам проблем целосно да профункционира поништувањето на аболицијата и сметам дека  втората одлука е добро правно осмислена за на некој начин секој да може да се откаже од аболицијата. Политичарите се деаболирани, а за останатиот дел постои законско решение на нивно барање да можат да бидат деаболирани, прецизира Димитриев по денешниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.

Најчитани вести