четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 31

Димитриев приреди Ифтар вечера: Се надевам дека празниците на муслиманите и христијаните ќе ги празнуваме заеднички

Премиерот Емил Димитриев вечерва по повод муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам приреди Ифтар вечера за членовите на Владата од исламска вероисповед во Клубот на пратениците. На Ифтар вечерата присуствуваше и Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи.

DSC_4571

Последни вести

DSC_4591

Димитриев на присутните им посака празникот да го дочекаат во убаво расположение, а деновите во пост лесно да ги минат.

DSC_4580

Ова се денови на пост кога нашите сограѓани и пријатели се спремаат за празникот Бајрам. Како верник знам дека сите вери проповедаат соживот, меѓусебно разбирање, тоа е богатство кое Република Македонија го негувала и кое треба да продолжиме да го негуваме, бидејќи добриот познавач на верата е добар сосед, добар граѓанин. Се надевам дека младите генерации ќе бидат упатени во она што сите вери го проповедаат. Верата зборува преку зборовите за меѓусебно разбирање, толеранција,  помагање…се надевам дека и празници на муслиманите и христијаните ќе ги празнуваме заеднички и дека ваквите средби ќе бидат пример за идни вакви видувања, нагласи премиерот.

DSC_4584

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи му се заблагодари на Димитриев што одлучил да приреди Ифтар вечера и да ги собере сите.

Најчитани вести