вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Димитриев: Работиме на исплата на авансот за штетите од поплавите

dimitriev

Поврзани вести

Во селото Стајковци најголем дел од улиците и домовите се исчистени. Извршена е дезинфекција во над 85 проценти од домовите. Наскоро се очекува да започне и обештетувањето на граѓаните чии домови и имоти беа поплавени и уништени во невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.

Премиерот Емил Димитриев, кој денеска беше во посета на селата Стајковци и Инџиково и беше информиран од припадниците на Армијата за моменталната состојба на терен, истакна дека се работи за голема сума на средства што ќе треба да се исплати, но најважно е да им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.

– Сега работиме на исплатата на авансот. Многу луѓе немаат трансакциски сметки и како Влада го регулираме начинот како да го исплатиме авансот. Кога проценките ќе бидат конечни, како ќе стануваат валидни, така ќе бидат исплаќани средствата. Нема да се чека целосно да заврши проценката. Големи средства ќе бидат ангажирани од Буџетот, но мора да покажеме солидарност и разбирање за луѓето, истакна Димитриев.

Покрај премиерот Димитриев, на терен беа и министерот за одбрана и министерот за труд и социјална политика Зоран Јолевски и Диме Спасов, како и градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

Најчитани вести