Тој додаде дека рудникот „Саса“ е една успешна приказна во Македонска Каменица, а дека е формирана и работна група која што ќе го реши проблемот со бенифицираниот стаж на рударите, Димитриев додаде дека и во иднина граѓаните од овој регион ќе имаат силен поддржувач во Владата.
Во однос на новата програма „Реално“, Димитриев истакна дека Коалицијата „За подобра Македонија“ има сериозна програма која е подготвена вниматело и во неа има проекти за сите категории на граѓани низ целата држава.
На крајот Димитриев нагласи дека темите што ги отвора Зоран Заев не смеат да се отвараат и дека само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата овие црни сценарија на опозицијата ќе пропаднат.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.