Димитриев, Спасов и Миноски на терен – Обезбедени храна и вода кои ќе се делат по населени места

Премиерот Емил Димитриев заедно со министерите за труд и социјална политика и финансии Диме Спасов и Кирил Миноски се во посета на Стајковци кое е едно од најпогодените места во силното невреме кое предизивика поплави.

emil-stajkovci

Спасов информираше дека во моментов има доволно количини на храна и вода кои на граѓаните ќе им се делат по населени места. Воедно беше упатен апел, населението да соработува со тимовите кои се на терен и работат на санирање на штетите.

stajkovci

Димитриев и Спасов најавија дека сите жители од загрозените и поплавените подрачја ќе имаат слободни пет работни дена за да се фокусираат кон расчистување на домовите.

stajkovci1-640x360

Димитриев посочи и дека тимови од Комисијата за проценка на штетите од денес излегуваат на терен, а по извршената проценка средствата ќе им бидат префрлени на граѓаните. Наскоро ќе започне и исплатата на еднократната парична помош за семејствата кои загубија некој член по апокалиптичното невреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.