понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Димитриев: Ставрески даде огромен личен влог во развојот на Република Македонија

emil-nova

Поврзани вести

Зоран Ставрески е личност кој покажа на дело како се сака Република Македонија. Многу примери од неговиот ангажман, посветена работа и постигнати резултати го говорат тоа, како и фактот што во 2006 година реши да ја напушти неговата позиција во Светската банка во Вашингтон, да ја напушти одлично платената работа во САД и да се врати во Република Македонија со искрена желба директно да помогне на економскиот раст и развој на македонската економија, во процесот на закрепнување на тогаш лошата економска состојба во државата во трасирање на нови економски трендови, спроведување на огромен број реформи и макроекономски политики, но и во креирање и реализација на стотици економски мерки и проекти, рече премеирот Емил Димитриев пред пратениците констатирајќи ја неговата оставка.

Овој пример, рече Димитриев, говори многу за чувството на патриотизам на Зоран Ставрески, за неговата лојалност кон државата кога тоа е најпотребно и за негова желба за градење на просперитетна и економски силна Република Македонија.

Како човек кој работел и соработувал со него, слободно можам да кажам дека станува збор за исклучително квалитетна личност, човек со исклучителна стручност и знаење кој секогаш максимално, посветено и енергично пристапува кон работите, човек кој секогаш бил меѓу граѓаните, отворен да ислуша и да даде совет, секаде и секому да помогне да реши проблем – на граѓаните, на компаниите, да креира нова мерка или нов проект. Секогаш посветен и неуморен, максимално одговорен, домаќински грижлив, принципиелен и секогаш доследен на кажаното, секогаш пријателски настроен со нови идеи и подготвеност за справување со предизвиците. Со својот личен и професионален ангажман на клучни позиции, Зоран Ставрески изминатите 10 години даде огромен личен влог во развојот на Република Македонија, во испишување на нови стандарди и принципи во македонската политика и воведувањето на бројни реформски процеси во државата, рече Димитриев.

Доколку денес почнам детално да ги набројувам сите проекти, мерки, исклучително позитивни резултати кои ги постигна Ставрески како потпретседател на Владата, министер за финансии и како еден од предводниците на економскиот тим на Владата на Република Македонија во изминативе 10 години, сигурно ќе треба да говорам со часови.

Ова го велам што постигнатите резултати во полето на економијата се пример за успех на економијата и финансискиот сектор не само во Република Македонија, туку и на светско ниво. Сакам да упатам јавна благодарност за неговиот целокупен ангажман во Владата, да му посакам добро здравје и понатамошно успешно реализирање на приватните и професионалните планови, заклучи Димитриев.

Најчитани вести