Димитриев: Владата функционира најнормално и тоа е наша обврска кон граѓаните на оваа земја

Државата мора да ги обавува сите оние функции кои во крајна цел се во интерес на самите граѓани, исто така има и агенда за меѓународно претставување на земјата и владата функционира најнормално, одржува редовни седници и функционираме во полн состав и во владата учествуваат министри од сите политички партии кои што ја сочинуваат коалицијата и се така ќе функционираме додека парламентот не одлучи поинаку. Тоа е наша обврска, ние имаме одговорност кон граѓаните за сите секојдневни потреби да ги сервисираме мора да функционираат болниците, училиштата, да ги реализираме проектите кои што граѓаните ги чекаат и се неопходни, така да доколку продолжи ваквата состојба оваа влада ќе функционира и ќе ги сервисира своите обврски редовно кон граѓаните кои што го очекуваат тоа од нас, потенцираше Димитриев.