Димитриев во посета на Крива Паланка

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ќе ја посети општина Крива Паланка.

Во рамки на посетата, Димитриев ќе присуствува на отпочнување градежни активности за изградба на пат во село Жидилово и отпочнување градежни активности за изградба на пат до манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите во Крива Паланка ќе има и средби со граѓани.