Димитриев во посета на Македонска Каменица

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  ќе оствари посета на Општина Македонска Каменица.

Димитриев ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградена улица во централното градско подрачје, ќе оствари средба со менаџерскиот тим на рудникот Саса, во просториите на компанијата и ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод 10 години од рестартирањето на рудникот Саса.