четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 62

Димитриев-Жбогар: Членството во ЕУ останува приоритет за Македонија

На изборите гледаме со надеж дека тие би можеле да бидат почеток на нов процес и овде внатре во земјата, но и нов процес во рамките на Европската унија, додаде Жбогар.

dimitriev-izjava11-640x328

Последни вести

Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, истакна премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за земјава.

dimitriev09112

Тој потенцира дека Владата и натаму останува фокусирана за реализација на позитивните  насоки кои што се состојат во извештајот, меѓутоа и на забелешките и укажувањата.

И евроамбасадорот Жбогар го дели ставот дека Извештајот може да биде патоказ за институциите, за Парламентот и Владата по изборите и нејзините активности на европска агенда.

– Овде сум повеќе од два, два и пол месеци и со кого и да зборувам во земјата со сите политичари, но и неполитички личности, мислам дека европската агенда е приоритет на сите. Затоа мислам дека таа е нешто што ги обединува сите политички лидери, политички сили, сите луѓе во земјата, истакна евроамбасадорот.

dimitriev-izjava0911

Посочи дека Извештајот е искрен и оти има многу препораки кои можат да бидат искористен од институциите, кога се дискутура за реформите кои се очекуваат по изборите.

Според него, позитивно е што Комисијата повторно препорачува почеток на преговорите иако, како што рече, има одредени услови, прво добри избори, нешто што го очекува и ЕУ и граѓаните, и второ новата Влада и институциите искрено и темелно да работат на реформите.

dimitriev0911

– На изборите гледаме со надеж дека тие би можеле да бидат почеток на нов процес и овде внатре во земјата, но и нов процес во рамките на Европската унија, додаде Жбогар.

Тој ја искористи можноста во име на Унијата да и се заблагодари на Македонија за, како што рече, исклучително добрата соработка по прашањето на мигрантската криза, изразувајќи надеж за таква соработка и во иднина.

sredba-dimitriev112

Најчитани вести