Димитриевски една година во Адемар Леон

Македонскиот ракометен репрезентативец Дарко Димитриевски, потпиша едногодишен договор со шпанскиот клуб Адемар Леон.

“Сега и официјално можам да го потврдам трансферот во Адемар Леон, потпишав со овој славен шпански клуб договор на 1+1 година. Среќен сум што доаѓам во клуб како што е Адемар. Очигледно моите добри настапи за краткиот период во АСОБАЛ лигата со клубот на Пуерто Сагунто, беа добро забележани, што укажува на фактот што на моја адреса стигнаа неколку примамливи понуди, како од Шпанија, така и од Романија и Франција”, изјави Димитриевски за “Екипа”.

Адемар Леон беше шестопласирана екипа сезонава се стекна со право за настап во ЕХФ Купот. Исто така, клубот пред неколку дена го потврди и трансферот на Микел Агирезабалага, инаку поранешен играч на Барселона и Динамо Минск, со кого Димитриевски ќе ја дели минутажата на левата бековска позиција.