Димитриевски се враќа во составот на Македонија

Дарко Димитриевски, бекот на унгарски Чурго повторно се најде на списокот на селекторот Ивица Обрван за двомечот со Швајцарија и со Чешка, во квалификациите за ЕП 2016 година. На списoкот од 28 играчи нема изненадувања, а Димитриевски е повикан на местото на Марко Нелоски кој се повреди на дуелот со Вардар во домашното првенство.

Од овие 28 играчи наскоро Обрван ќе одбере краток спиоск на ракометари што ќе бидат повикани на подготовките и од каде ќе се одбере тимот што ќе замине за Сент Гален, Швајцарија. Првиот дуел со Швајцарија се игра на 10 јуни, а потоа на 14 јуни сме домаќини на Чешка.

Македонија ќе треба да оствари две победи на овие средби за пласман на ЕП 2016 во Полска во јануари следната година.

Список од 28 ракометари:

Голмани – Борко Ристовски, Никола Митревски, Петре Ангелов, Стефан Кимевски
Крила – Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Влатко Недановски
Пивотмени – Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Бекови – Милорад Кукоски, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Миркуловски, Немања прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Горан Кузмановски, Дарко Димитриевски, Никола Стојчевски, Влатко Митков, Лазо Мајнов