Македонија

Димитров-Хоџа: Издвојувањето средства за семејства на осудените од Дива населба не е во духот на европската иднина на регионот

Димитров-Хоџа: Издвојувањето средства за семејства на осудените од Дива населба не е во духот на европската иднина на регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  се сретна во саботата со министерката за европски прашања на Косово, Зурата Хоџа, на маргините на регионалната Конференција „Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан”, која деновиве се одржува во министерството за надворешни работи на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за регионалната и билатералната соработка, кои бележат подем. Во тој контекст, се разговаралое „за можностите за унапредување на соработката со Република Косово на планот на евроинтеграциите, и за споделување на стекнатите искуства на Република Македонија на тој пат“, известуваат од македонската дипломатија.

На средбата станало збор и за последните реакции на властите на Република Косово поврзани со изречените првостепени судски пресуди во случајот „Диво насеље”, при што Димитров оценил дека одлуката на владата во Приштина за издвојување  буџетски средства за финансиска поддршка на семејствата на осудените државјани на Косово не е во духот на градење европска иднина за регионот засновано на владеење на правото, што е заеднички интерес на двете земји.