Димитров: Македонија ќе ја разгледа можноста да го смени името

Македонија размислува за можноста да го смени името, во обид да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил според „Фајненшел Тајмс“ министерот Никола Димитров во интервју за весникот.

– Договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии- изјавил Димитров.

Димитров најавил дека со грчкиот министер Никос Коѕиас ќе се сретне в среда:

-Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда. Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса, изјавил тој во интервјуто.

Фајненшл Тајмс пишува дека Владата на СИРИЗА ја поздрави новата влада во Скопје како покооперативен партнер од претходната.

– Ова прашање е на маса повеќе од две децении, и би било избрзано да се прават било какви предвидувања, оцени Коѕиас.

Весникот во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија, нагласувајќи дека според Димитров, договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии.