Димитров: Народот е силата која дава ветер во едрата на власта

Драматургот Братислав Димитров на денешната трибина на Граѓанското движење на одбрана на Македонија која се одржа во Крива Паланка истака дека крајно време е до опозицијата да се упатат три вистини дека ги изгуби изборите, дека не живееме во еднопартиски систем и дека вербалниот деликт е одамна систимски укинат.

shdggeioo4o4r

 

Наспроти тоа, рече тој, за првпат во историјата во театрите се зголемени платите и светски рекорд се двата отворени театри за две години.

–  Упатуваме порака до светот дека ние сме питом народ. Древна цивлизација и народ кои домаќински гледа на настаните. Наша основна идеја е да се активира свеста дека нашите предци умееле да се изборат за себе и дека народот е силата која дава ветер во едрата на власта, а таква власт ја води нашата држава и истата е избрана на најдемократски начин, рече Димитров.

Тој повика борбата да се води на институционален план.

– Се ќе помине, ќе издржиме. Македонскиот народ е истраен и таков ќе биде како многупати во историјата. Треба да бидеме жестоки,  но принципиелни и чисти во срцата, рече Димтиров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.