четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Димитров: Нашиот нов почеток, прилика за Македонија, но и за Регионот и ЕУ

Овој план е всушност патоказ кој предвидува конкретна динамика на активности кои треба да овозможат дофатлива европска перспектива, рече Димитров

Brisel - 01

Поврзани вести

Шефот на македонската типломатија Никола Димитров престојува во работна посета на Брисел која ја искористи за промоција на реформските приоритети на новата Влада во Центарот за европски политики, говорејќи пред претставници на институциите на ЕУ, државите членки на ЕУ, тинк-тенкови кои се занимаваат со европски политики и на академската јавност.

Министерот Димитров истакна дека интеграцијата во ЕУ преставува  клучна стратешка цел и дека реформските приоритети зацртани во Планот 3-6-9 се доказ за  детерминираност во нејзиното остварување.

„Овој план е всушност патоказ кој предвидува конкретна динамика на активности кои треба да овозможат дофатлива европска перспектива. Истовремено, овој план претставува лакмус-тест за политичката волја и капацитет да се исправиме пред предизвиците и да фатиме приклучок кон возот на ЕУ кој не одминува. Нашите потфрлувања треба да бидат нотирани, но нашите успеси треба да бидат вреднувани. ЕУ може да направи квалитативен исчекор и разлика во Регионот. За да успее во таа цел, мора да понуди “стап” кога ќе потфрлиме, но и “морков” кога ќе заслужиме. Во меѓувреме, мора да останеме искрени и при наградувањето и при критикувањето. ЕУ треба да демонстрира лидерство во политиката кон Балканот. Тоа е и можно и нужно затоа што местото на Балканот е во ЕУ”, рече Димитров.

Додаде дека новата реформска влада е ориентирана кон иднината.

„Ние мора да градиме нов имиџ на модерна демократска држава, во која институциите постојат за граѓаните, а не за елитите, а словото на законот важи подеднакво за сите. Реформите дома, се нашиот најсилен аргумент за издржаноста на нашето ЕУ досие во Брисел и кај државите-членки”, заклучи Димитров

Во рамки на посетата МНР Димитров одржа брифинг со COREPER амбасадорите и постојани преставници на земјите-членки во Брисел. На средбата министерот го елаборираше Планот 3-6-9 и изрази надеж дека неговата реализација ќе се отстранат забелешките за застој на реформите во изминатите неколку години. Имплементацијата на мерките ќе биде солидна основа за натамошните дискусии во Советот на ЕУ за унапредување на пристапниот процес на Р. Македонија. Амбасадорите ја поздравија реформската агенда на новата Влада и изразија надеж дека ветеното ќе биде испорачано.

Утре Димитров ќе ко-претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и РМ заедно со Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија Федерика Могерини, со учество на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи и евро-комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан

Најчитани вести