Димитров: Од надвор ни монтираат криза

Режисерот и писател Братислав Димитров, како и многу други интелектуалци, се приклучи во Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Тој на денешната прес-конференција на движењето, го цитираше славниот теоретичар Хенри Кисинџер, кој кажал дека може да се сменат влади, разни политички гарнитури, но оти не постои сила што може да го победи народот, пишува Курир.

-Затоа дојдов овде да искажам еден повик, апел до сите Македонци што се во Македонија, но и надвор од неа на секој сантимер и во секоја секунда да си ја бранат својата татковина и да делуваат сите според своите можности и во својот простор и професионален и приватен. Затоа што ние влегуваме во една криза, која е монтирана се разбира и од надвор со една срамна и една безобразна и патолошка поддршка од некои луѓе од надвор, истакна Димитров.

Ги повика граѓаните да се приклучат кон Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

-Приклучете се, секој со своето знаење и умеење и моќ, но секој со чисто срце и свест за својата татковина која е една од последните во Европа и во светот, која секогаш е ставена под знак прашање и спорна без никакви причини. Освен како што тоа се вели нечии лукративни причини, додаде режисерот и писател Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.