Димитров: Опозицијата и да ги има сите медиуми, нема да каже ништо квалитетно

Опозицијата во Македонија и да ги има како нивни сите медиуми, нема да каже ништо квалитетно и различно, вели Братислав Димитров во дебатата на ТВ Нова.

Опозицијата патолошки и незрело реагира на сегашната конкретна власт. Власта може да биде било каква, но твојот одговор, твоите акции кон таа власт се битни… Голема лага е кога некои пишуваат дека опозицијата не е одговорна и дека треба власта да се напаѓа. Тоа е манипулација. Опозицијата во оваа структура на општество е поважна затоа што таа дава надеж, рече Димитров.