Димитров: Државен консензус за името и референдум

Решението за името мора да се донесе со државен консензус и со изјаснување на граѓаните на референдум, изјави во вторникот министерот за надворешни работи Никола Димитров, одбивајќи да ги коментира можните решенија за разликите што Грција ги има со уставното име на Република Македонија.

„Македонија ќе ги спроведе сите неопходни реформи за добивање датум за преговори со Европската унија, но решението за разликата што Грција го има со нашето уставно име не зависи само од земјава“, рече Димитров.

Не сакаше да коментира решенија што се објавуваат во грчката јавност, бидејќи, како што рече, тоа ќе им наштети на разговорите под медијаторство на специјалниот прратеника на Обединетие нации, Метју Нимиц.

Димитров пртиоа беше дециден дека мора да има референдум за името.

„Прашањето има таква природа, што јас мислам дека не може да се реши одржливо, ако не се прашаат граѓаните. Мислам дека граѓаните мора да се прашаат, во интерес на одржливо решение“, додаде шефот на дипломатијата.

„Мaкедонија мора да го зграпчи моментот и во наредните шест месеци да постигне некакво решение со Грција, за идната година да почне преговори со Евроспакта У. Унијата не може да врши притисок врз Грција“, оцени, пак, австрискиот професор Флоријан Бибер.

„Она што треба да се случи е да имаме поддршка од членките на ЕУ, но и од САД за создавање клима со која владите ќе бидат комотни со решение во интерес на двете држави“, рече Бибер, од Советничка група за политиката на Европа за Балканот.

Според него, дел од земјите членки на ЕУ сѐ уште се скептични за проширувањето, па Македонија само со спроведување на реформите во наредните шест месеци може да ги убеди дека заслужува почеток на преговорите за членство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.