Македонија

Димитров: Се надевам дека пристапните преговори ќе ги почнеме в година

Димитров: Се надевам дека пристапните преговори ќе ги почнеме в година

Имам убава приказна да им кажам на министрите за оптимистичкиот момент на Македонија, се надеваме да ги почнеме пристапните преговори следната година, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при пристигнувањето на неформалниот министерски состанок во Талин, Естонија.

На покана од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство.

„Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија“ изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Талин каде што се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија.

Димитров изрази надеж дека преговорите за членство можат да почнат во следата година до година и поливина.

„Тука сум да ги убедам дека тоа исто така е од интерес за Европа да го направи тоа“, порача Димитров.