Македонија

Димитров во Софија на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Димитров во Софија на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од денеска престојува во Софија, каде што е предвидено да има билатерални средби со претставници на бугарските власти и да учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија.

Димитров денеска треба да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Екатерина Захариева. Димитров и Захариева, ќе ги разменат и ратификуваните документи од договорот за пријателство, добрососедство и соработка со што практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила.