Димитровски: Згрешив, се извинувам на сите

Димитровски: Згрешив, се извинувам на сите
Димитровски: Згрешив, се извинувам на сите

Одбранбениот фудбалер Владимир Димитровски денеска преку изјава до јавноста се извини за напуштањето на македонската репрезентација без да го извести стручниот штаб, објави МИА.

Тој ноќта меѓу вторникот и среда самоволно си замина од подготовките на македонскиот национален тим поради средување на документација за нов клупски ангажман.

Ја прифаќам одлуката на селекорот Љубинко Друловиќ, прифаќам одговорност за мојата постапка. Погрешив и упатувам извинување до селекторот, стручниот штаб, играчите и спортската јавност. Во битен момент донесов погрешна одлука и жалам за мојата постапка. Се надевам дека во иднина, доколку заслужам и добијам повик од селекторот, ќе бидам дел од националниот тим, стои во пораката од Димитровски.

Димитровски од страна на стручниот штаб е даден на дисциплинска постапка.