Димков: Автопатот Миладиновци – Штип ќе има големо економско значење за источниот регион

После илјадниците проекти кои ги ветивме и реализиравме, ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека е партија од збор, вели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Трајчо Димков говорејќи за почетокот на изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.

„Автопатот Миладиновци – Штип кој почна да се гради минатата недела е прв автопат што некогаш ќе биде изграден во источна Македонија. Значително е да се спомене дека според договорот кој што е потпишан со кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед која ќе го гради овој автопат, градежните работи кои ќе ги изведуваат македонските компании треба да биде 49 проценти, а вкупниот број на македонски градежни работници што ќе се ангажираат од страна на изведувачите и подизведувачите е најмалку 51 процент од вкупниот број. Преку овој договор ќе се обезбеди продолжување на градежните компании од државата со работа“,  вели Димков кој истакна дека новиот автопат ќе им големо економско значење за целиот источен регион, но и за целата држава.

Димков додава дека ако се споредува 2005 година и 2013 година капиталните инвестиции во инфраструктурата пораснале за 277 отсто што докажува колку се работи на ова поле.