Димков: Да се притвори некој затоа што ја пеел македонската химна и да се квалификува како терорист го има само во времето на СДСМ

Овде сме денес собрани за да им дадеме поддршка на неправедно притворените Македонци, ние нема да ги оставиме нив и вистината ќе победи и ќе издржиме до крај, ова на протестот пред Истражниот затвор во Шутка го истакна Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да се притвори некој затоа што ја пеел македонската химна, да се квалификува некој како терорист бидејќи пеел македонски песни, тоа го има само во времето кога СДСМ е на власт. Дојдов овде како пратеник од Штип да дадам поддршка на сите 36 притворени, како и на моите колеги пратеници, тие се обвинети и се во затвор само затоа што се Македонци и на 27 април беа на критичното место во Собранието. Никој ништо лошо не направи, без и јас сведок на тоа, ние дента зборевме за некои работи кои сака да ги направи СДСМ, а се на штета на Македонија. Тие не победија за да дојдат на власт, тие се продадоа, тоа им го кажувавме на граѓаните, меѓутоа тие не не разбраа и се повтори уште еднашка македонската битка меѓу сите нас. Јас се надевам дека сето ова ќе се надмине, јас верувам дека имаме сила и мудрост и затоа да издржиме и да го надминеме и ова. Ни треба трпение, сила, мудри одлуки и единство за да ја градиме Македонија каква што треба, истакна Димков.

Тој додава дека во иднина Македонија ќе биде заедничка за сите, каде сите граѓани ќе ги уживаат сите права.

-Во таа насока апелирам веднаш да се пуштат сите притворени лица, нема каде да бегаат, тие ја градеа Македонија, беа на браникот на татковината, дали сега заслужуваат да бидат притворени? Нека бидат во своите домови и оттука нека ја градат иднината, ние нема да можеме да работиме во парламентот. 12 проценти од пратениците се во притвор, како ќе донесуваме суштински одлики? Нема да можеме да го направиме тоа, ги повикувам сите патриоти и граѓани да сфатиме дека треба да промениме нешто во иднина, рече Димков.