„Димократиа“: Брутална интервенција на САД во Македонија

Албанските знамиња како прв чекор на нелагалниот претседател на Парламентот избран со помош на странски притисок, се тема на коментар и во грчките медиуми, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Новиот парламентарен спикер Талат Џафери беше легализиран преку брутална американска интервенција, пишува тиражниот грчки весник „Димократиа“.

Продолжуваат политичките тензии во Скопје по посетата на асистентот државен секретар Брајан Хојт Ју во обид да направи “медијација” за решение и да ја олесни кризата. Бруталната американска интервенција во внатрешните работи во земјата беше направена како обид за деескалација на кризата, откако претставникот на САД им соопшти на медиумите во Скопје дека владата ќе биде формирана и ќе ги донесе поблиску до европска интеграција, пишува „Димократиа“.

И aлбанските знамиња во кабинетот на Талат Џафери се тема на коментар на голем број грчки медиуми, кои што нагласуваат дека нивното поставување беше негов прв чекор.

dimokratia 4 5

Политичкиот ќор сокак во п Ј Р Македонија ескалира од ден во ден, но искрата што го запали огнот беше изборот на албанскиот политичар Талат Џафери за претседател на Парламентот. Изјавата на спикерот Џафери за албански медиум дека ќе постави Албанско знаме во неговиот кабинет, предизвика бура од реакции, јавува телевизијата СТАР.

Телевизијата информира и дека изјавите на Џафери биле проследени со огромно задоволство од страна на големоалбанските националистите на социјалните мрежи.

Jaferi iefimerida

Предупредување до оние кои што размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и менување на границите дека Грција стои цврсто во корист на стабилноста на регионот , упати и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Шефот на грчката дипломатија во свој говор во рамки на презентација на книга, истакна и дека јужниот сосед цврсто ја поддржува унитарноста на нашата земја.