„Димократиа“: Заев ги призна бугарските корени на Македонците – Тирана и Софија сакаат федерализација

Притисокот од страна на Бугарија и Албанија ќе доведе до менување на Уставот и федерализација. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека Македонците и Бугарите биле еден народ, не остана не забележана и од грчките медиуми.

Грчкиот весник „Димократиа“ информира дека Бугарија ја признава Република Македонија, но не и постоењето на македонска националност, додека неколку македонски политичари, меѓу нив и Зоран Заев, ги признаваат Бугарските корени на Македонците.

 Од своја страна, неколку македонски политичари побараа поддршка од Бугарија, признавајќи ги бугарските корени на псевдо-Македонците. Кандидатот за премиер на Социјал-демократите Зоран Заев пред неколку дена изјави дека Словените од Скопје се братски народ со Бугарите…Притисокот на Бугарија и Албанија многу е веројатно дека ќе доведе до промена на Уставот на п ј Р Македонија и статус на федерација, пишува „Димократиа“.

Весникот пишува и дека Претседателот Румен Радев ја повика Европската Унија да ја земе предвид Бугарија како медијатор меѓу Македонците и Албанците.

Грчкиот весник „Ризопастис“ пак информира дека странските интервенции во западен Балкан се интензивираат како последица на геополитичкото и енергетско ривалство на САД, НАТО и ЕУ од една страна и Русија и Кина од друга.

 Талат Џафери (чиј контроверзен избор предизвика сериозни инциденти на 27 ми април, но беше потврден од Службениот весник ) , прати “ултиматум“ до претседателот Иванов, повикувајќи го да го даде мандатот за формирање на владата до 20 ти мај, пишува „Ризопастис“.

Весникот инфомира и дека Џафери го предупредил Иванов дека ако не му го даде мандатот на Заев, тој ќе му го даде самиот, што ќе предизвика сигурни реакции од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои што бараат нови избори.