Димов: Локалната самоуправа работи во служба на граѓаните

Советникот од општина Велес, Ангел Димов на панел дискусијата која ја организираше ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави советниците, а особено градоначалникот работеле исклучиво во служба на граѓаните.

-Во текот на работењето на градоначалникот на локалната самоуправа имаме многу дел од проекти кои што можеби не биле предвидени во програмата, но се битни и мора да се интервенира, и се завршуваат, исто така се во служба на нашите сограѓани, посочи Димов.

Потенцира дека граѓаните од горниот дел на Велес, кој според него, бил заборавен од претходните градоначалници, во последните четири години добиле решенија за нивните проблеми и барања.

-Во населените места се реализираа проекти кои самите граѓани ги бараа. Голем дел на патишта кои што беа руинирани, кои постоеја, но не беа асфалтирани и цимантирани, тие преку програмата за руралниот развој, преку ИПАРД, преку средствата на самата општина тие се направени и животот во овие населени места има многу поголем квалитет, истакна Димов.

Истакна дека во руралните средени, граѓаните добиле и игралишта зашто децата кои живеат во овие населени места треба да ги имаат истите работи како и тие кои живеат во градот Велес.

Димов посочи дека во моментот се подготвува генерален урбанистички план кој за скоро време треба да биде готов.

-Во населените мести се изработуваат општи акти, бидејќи тие се со пократок рок на изработка и сето тоа е со цел да се спроведе легализацијата на бесправно изградените објекти. Да се помогне во легализацијата, потенцира Димов, додавајќи дека во моментот нема населени места кои не се опфатени со општите акти и каде што не може да се изврши легализацијата на овие објекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.