Димовски: 11 декември е референдум за унитарна и единствена Македонија

Единаесетти декември е референдум за унитарна и единствена Македонија, нема да ги предадеме нашите дедовци и прадедовци, но нема да ги предадеме ни нашите следни поколенија. Крива Паланка секогаш е на победничката страна, истакна вечерва од митингот во Крива Паланка Илија Димовски носител на листата на пратеници во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уставот на Републиката гарантира дека Република Македонија е унитарна држава, Уставот гарантира дека македонскиот е единствен служебен јазик во Република Македонија и на 11 декември одлучуваме да застанеме зад Уствот и унитарноста на Македонија. Двојазичноста која Зоран Заев ја вети на дијаспората во Швајцарија, не значи само двојазичност на таблите..Двојазичноста која ја вети Заев значи дека сите документи кои ги потпишува градоначалникот мора да бидат на двата јазици, сите одлуки да бидат на двата јазици, сите документи кои ги издаваат подрачните единици на Министерствата мора да бидат на двата јазици, а тоа никој не го бара и никој не го сака и никој нема потреба од такво нешто во Крива Паланка. На 11 декември не гласаме само за тоа која партија ќе победи, не гласаме само за тоа кој ќе биде премиер, гласаме каква Република Македонија ќе имаме во следните децении, посочи Димовски.

Тој додава дека Коалицијата за подобра Македонија е најголемата формирана некогаш и тоа не случајно.

-Во Коалицијата се сите политички партии на Ромите, Турците, Србите, Бошњаците, но и сите партиотски политички партии. Никој од нас не сака да се согласи за држава во која два јазици ќе има еднаков статус, дециден е носителот на листата за пратеници.

Тој додаде дека на овие избори треба сите да се обединат заедно и својот глас да го дадат за северена и унитарна Република Македонија.

-Глас за помалите партии е глас за Зоран Заев и за продолжување на сценариото за распарчување на Република Македонија. Сега со пенкало во избирачките места ќе ја браниме Македонија, на 11 декември одиме на референдум за единствена Македонија, потенцираше Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.