среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 52

Димовски: Аболицираниот Заев се пазари со се’ што е свето во оваа земја

Социјалдемократскиот сојуз во очај почнува да тргува со националните и државни интереси и прави огромна штета на Република Македонија.

ilija-dimovski-2-1

Последни вести

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, велат од партијата.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Изедначување на македонскиот и албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.

Со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Република Македонија се напаѓа Уставот и уставното уредување на оваа држава, целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници и за жал се отпочнува процес кој никој на крај не знае дали ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија.

Уставот јасно вели дека на целата територија на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, а друг јазик кој го говорат најмалку 20% од граѓаните исто така е службен во единиците на локална самоуправа каде што тие живеат во мнозинство или значителен број.

Социјалдемократскиот сојуз во очај почнува да тргува со националните и државни интереси и прави огромна штета на Република Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев се пазари со се што е свето во оваа земја, најавувајќи пред некој ден дека сега му било мајката да се редефинира државата. Со ваквите очајнички потези Заев ја клекнува Република Македонија на колена и ги урива позициите кои одамна се усогласени и се внесени во македонскиот Устав.

Става на маса и нуди прашања кои воопшто не смее да бидат тема на дневен ред бидејќи за нив одамна се поставени правилата во Уставот во оваа држава. Република Македонија не е негова сопственост, ниту сопственост на групацијата околу него која очајнички би сакала да дојде на власт.

Тоа што Зоран Заев го става сега на маса, значи дека граѓанинот од Радовиш или Пехчево, или Велес или Прилеп доколку побара итна медицинска помош, а дојде доктор кој зборува албански со него ќе треба да комуницира на албански јазик. Доколку пензионер во Струмица, Гевгелија, Охрид или Битола треба да подигне пари од банка, а на шалтер работи службеник Албанец, тоа значи дека пензионерот ќе треба да се обраќа на албански јазик. Доколку земјоделец од Новаци, Облешево или Босилово треба да аплицира за субвенција, а одговорниот службеник говори албански, тогаш и земјоделецот ќе треба да комуницира со него на албански.

Ова го заговара СДСМ подолг период наназад. Зоран Заев со претставници на албанската дијаспора разговараше за федерализација, Љубомир Фрчковски јавно заговараше Претседател на Владата Албанец, Стево Пендаровски бараше поддршка за избори во Приштина, а не во Македонија.

Господа од Социјалдемократскиот сојуз, ваквата антимакедонска политика нема да ви помине. Вашите членови, како и целиот народ треба јасно да знаат во која насока имате намера да ја водите земјата. Вие сте подготвени да се откажете дури од идеалите и сонот на генерации Македонци само за да дојдете на власт.

Ние добро знаеме дека огромен број на чесни членови и подари на СДСМ ширум Македонија се против оваа погубна и анационална политика на раководството на таа партија. За вакви прашања луѓето нема да останат неми и ќе ја казнат намерата Македонија повторно да се редефинира.

Сега не му е мајката да ја редефинираме Република Македонија и да ги распродаваме идеалите за коишто гинеа илјадници Македонци, за кои се бореа во Крушево и кои се воспоставија на АСНОМ 1944 година. Сега му е мајката секој Македонец и секој граѓанин на Македонија, без разлика дали е Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав и други националности да се спротистават на ваквите тенденции. Ваквите политики нема да донесат ништо добро за никого, ниту за македонците, ниту за албанците, ниту за србите, ниту за турците, ниту за бошњаците. Ќе не вратат години и години наназад.

Народот тоа најдобро ќе го направи на 11-ти декември со заокружување на гласачкото ливче. Народот со гласање ќе ја одбрани Македонија. Секој глас ќе биде важен за да ја зачуваме нашата Македонија.

Најчитани вести