Македонија,Политика

Димовски: Ако СДСМ не успее да добие глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, го губи легитимитетот

Димовски: Ако СДСМ не успее да добие глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, го губи легитимитетот

Пратеникот Илија Димовски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говореше и за локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври оваа година при што рече дека не е важен толку бројот на освоени градоначалнички места, бидејќи можно е ВМРО-ДПМНЕ да победи секаде со по 50 гласа разлика, најважен е бројот на гласови, кој може да биде репер за парламентарни избори.

„Ако СДСМ не успее да добие глас повеќе од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, во практика, како и секаде во Европа и светот, директно го губи легитимитетот доколку натаму продолжи да биде владејачка партија. Доколку СДСМ не успее да добие глас повеќе, не е потребен никаков притисок, треба самите да поднесат оставка и да побараат предвремени избори. Доколку не го направат тоа, повторно ќе дојдеме во една фаза каде сите ќе се чувствуваме дека влегуваме во неприродна ситуација“, укажа Димовски.

Рече дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моменти на ваква дебата, граѓаните сфатиле, споед невоа процена, како стојат и какви се работите.

Димовски кажа и дека ако е точна анкетата на Брима Галуп, во која е наведен дека се намалува предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, оти тоа е добар повод СДСМ да распише и парламентарни избори заедно со локалните во октомври.

„Ако од СДСМ сметаат дека имаат предност пред ВМРО-ДПМНЕ, наместо да размислуваат како да ги одложат локалните избори или како да одложат некое од ветувањата спрема граѓаните на Македонија, посебно на гласачите Албанци, заедно со локалните избори да распишат парламентарни избори, па да видиме кој колкава предност има. Па тука на вага ќе биде и закон за јазици, проекти, држава, радиодифузна такса и однос Собрание-Влада, Влада-Собрание“, рече Димовски.