Димовски: Значајно е што во Изборниот законик е конкретно дефинирана датата на избори

Димовски истакна дека законот ќе гарантира еднаков и блансиран пристап на политичките партии до рекламниот простор без разлика дали е тоа на радиодифузните медимуи или на билборд рекламирањето.

Новост е што за прв пат во било која регулатива во Република Макеоднија овој пат во изборната се внесуваат интернет порталите односно електронските медиуми кои што ќе мора да работат во согласно регулативата на изборниот законик и ќе мора да ги почтуваат регулативите внесени во изборниот законик, а се однесуваат и на другите два вида на медиуми односно радиодифузните медиуми и печатените медиуми, нагласи Димовски.

Димовски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е посебно значајно е што во изборниот законик конкретно е наведена датата на избори, 24 април 2016 година.

Околу изборачкиот список повеќе како коментар на дискусиите претходно би сакал да го соопштам ставот кои што ВМРО-ДПМНЕ го имаше по однос на избирачкиот спиок, нашиот однос кон оваа проблематика беше дека ВМРО-ДПМНЕ верува во квалитетот на изборачкиот список врз основа на кој што беа спроведени парламентарните избори минатата година, но оставивме како другите партии ќе проценат дека треба да се постапи спрема избирачкиот спиоск така да биде внесено изборниот законок рече Димовски.

На крајот тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава целосна поддршка да се спроведе проверката на избирачкиот список онака како што договорија другите политички партии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.