Димовски до Џафери: Немате право да држите седница со присутна полиција внатре

Никаде во Деловникот не стои дека треба да и се заканувате на пратеничката Авировиќ, не пишува дека имате право да не давате процедурално, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во обраќањето до Џафери.

Истакна дека Џафери нема право да се заканува на колегите и да вика кон пратеничките.

„Деловникот не ви дава право да не давате пауза и да не давате процедуално. Немате право да држите седница со присутна полиција внатре. Не може да држите седница со присутна полиција тука, кај пратениците. Треба да се задржи редот и мирот во ова Собрание. Треба да го почитувате Деловникот, Талат Џафери. Ако продолжите да го кршите Деловникот и одбегнувате дискусија. Господинот Шилегов мене ми кажа дека со вас денес не може да излезе на крај, не може да се разбере“, потенцираше Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.