четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Димовски до Николов: Ако сакате претседастел на новата анкетна нека биде и од СДСМ

dimovski-denes-1

Поврзани вести

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, во реплика на колегата пратеник од СДСМ Марјанчо Николов, запраша зошто Николов ставот за не прифаќање на анкетна комисја го немал и кога се формирала анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Ја слушам дискусијата и се обидувам да се сетам дали вие имавте дискусија кога ја формиравме предходната комисија каде што претседател е господинот Шилегов. Не памтам искрено, но си велам што ќе значеше ако еве добро познатат ваша индивидуалност во редовите на Пратеничката група на СДСМ која што горе доле сите ја знаеме дека се одвојувате во вашите ставови во смисла на почитување на сопствените позиции, да настапевте со истите позиции кога ја формиравме предходната комисија и да ги кажевте сите овие тези што ги кажувате за оваа анкетна комисија, нагласи Димовски.

Димовски кој што треба да биде претседател на новата анкетна комисија му понуди на пратеникот Николов да го превземе раководењето со оваа нова комисија доколку СДСМ се вклучи во неа и со тоа да помогне за да се расчисти овој голем скандал.

Еве пак да се повикам на начинот на кој што вие функционирате како пратеник, вашите ставови и индивидуалноста која што ја имате, апелирам до вас еве јас ќе одстапам од претседателската функција на оваа комисија во истиот момент кога вие ќе се нафатите да ја водите оваа комисија. Значи повелете господине Николов, ова е лично до вас, во мое име и во име на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ . Ако вие се нафатите да ја водите оваа комисија ви гарантирам дека и ќе ја добиете таа чест да ја раководите оваа комисија и заедно да ги провериме сите овие работи за кои што ние велиме  дека се вистина, а вие велите дека не се вистина, реплицираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Најчитани вести