Димовски до СДСМ: Ниту еден меѓународен посредник нема да ве заштити од волјата на народот

Димовски до СДСМ: Ниту еден меѓународен посредник нема да ве заштити од волјата на народот
Димовски до СДСМ: Ниту еден меѓународен посредник нема да ве заштити од волјата на народот
Единствен срам за политичка партија и за политичар е да бега од избори. Нема поголем срам од тоа, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на вечерашната собраниска седница.

-Се радувате заради тоа што бегате од избори, алал вера. Почитувани колеги пратеници, од народот нема да избегате. Ниту еден меѓународен посредник, ниту еден измислен пријател нема да ве заштити од волјата на народот. Народот ќе си дојде по своето и народот ќе го врати суверенитетот на оваа држава таму каде што му е местото, потенцираше Димовски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече дека народот на 5 јуни ќе го избере новото Собрание.

-На 5 јуни, со вас или без вас, граѓаните на Македонија ќе го изберат новото Собрание, а вие да си продолжите и понатаму со вашата срамна, понижувачка, деструктивна и кукавичка политика. Да си барате пријатели секаде по белиот свет заради тоа што во Македонија повеќе ги немате, додаде Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.