Димовски до Туфегџиќ: Во твојот глас се препознава само гласот на СОРОС

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во својата процедурална забелешка, денеска и нагласи на пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ дека единствено што зборува во македонското Собрание е во име на Сорос.

Димовски рече дека пред Туфегџиќ да зборува за иселување нека се обрати на функционерите во СДСМ и нека праша зошто Кумоново е градот со најмногу иселени и зошто Струмица е градот со најголем број на луѓе со бугарски пасоши. Тој посочи дека во овие два града резултатот на владеењето на СДСМ е причината за иселувањето на младите.

Димовски исто така се задржа и на Законот за јазици кој што се крие не само од граѓаните на Македонија туку и од 70% од пратениците на СДСМ. Пратеникот посочи дека Законот мора итно да биде ставен на очиглед на јавноста и да се види како Заев се пазарел со државните интереси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.