Димовски: Гласот за Заев и помалите политички партии ќе биде глас за рушење на Македонија

На овие избори не гласаме само за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, гласаме за унитарна, суверена, независна Македонија, порача од Штип Илија Димовски, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ3.

-Сите членови на СДСМ добро да размислат дали сакат да ризикуваат и да ја коцкаат можноста и да создадеме проблем кој што децении нема да можеме да ги исправиме. Гласот за Заев и за помалите политички партии ќе биде глас за рушење, двојазичност, проширување на рамковен договор, рече Димовски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја исправи историската неправда спрема источна Македонија со изградба на автопат, клиничка болница, државен универзитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.