Димовски го пријави Витанов во полиција

Дирекорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски денеска го пријави случајот со советникот на СДСМ од општина Неготино, Диме Витанов во полициската станица во Центар поради тоа што лажно се преставувал.

„Знаете за што станува збор. Советник на СДСМ од Општина Неготино се јавувал на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и се претставувал како Илија од Центарот за комуникации, од телефонски број кој што тој службено го има задолжено од Општина Неготино како советник. Ова е очигледен обид на СДСМ да фингираат и да креираат афери и скандали со кои што ќе сакаат во иднина да си го покриваат поразот односно да си создадат алиби приказна како што и всушност правеле секогаш досега. Би сакал да потенцирам дека ние немаме никаков личен однос спрема човекот кој што ја направил оваа работа, станува збор како што видовме за млад господин, Диме Витанов од Неготино“, истакна Димовски.

Димовски вели дека политичката одговорност за овој скандал ја носи највисокот раководство на СДСМ, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.