
За разлика од вечерва, на вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, за прв пат во историјата на градот на политички митинг се појавија албански знамиња на една македонска партија.
Срамно е што во срцето на Македонија вчера на митингот на СДСМ имаше повеќе албански знамиња од македонски знамиња. Ова е прв пат во историјата на Велес да има албански знамиња на митинг на една голема македонска партија, рече Димовски.
Со македонското знаме Димовски даде до знаење дека Република Македонија нема да дозволи ниту двојазичност ниту федерализација ниту било какви погубни сценарија за Македонците.
Димовски ги повика велешани на 11 декември сите да излезат и да се спротистават на сите антимакедонски сценарија кои што ги презентира СДСМ.