среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 31

Димовски: Граѓаните не веруваат на политичари кои ветуваа по еден вработен од секое семејство, а ништо не исполнија

dimovski-stip3-640x360

Последни вести

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денес се сретна со младите, со пензионери, беше во посета на пазарот, а поразговарала и со земјоделците во Штип.

Штип е различен град од пред 10 години, Штип е образовно, економски, административен, сообраќаен центар на источна Македонија. Со младите разговаравме околу состојбата на нивниот живот во Штип. Среќни сме што тука во 2007 година се формираше Универзитет кој денес има над 15-16.000 студенти со 13 факултети и кој овозможи многу млади да останат во Штип, да студираат и да ја бараат својата иднина во Штип. Пред 2007-ма година младите учеа или во Скопје, а многу од нив одеа во соседните држави, вели Димовски.

Тој додаде дека во Штип има и над 5.000 студенти кои доаѓаат од другите градови, што економски влијае на пазарот во овој град.

„Кога ние го носевме законот за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ јас гласав за тој универзитет и сум многу горд на тоа. Пратениците од СДСМ велеа дека тоа е избрзано решение, дека е хаотично решение и не даваа поддршка. Жалам што нивниот лидер излажа дека иницијативите за Универзитетот се од 2004, но тоа доликува на Зоран Заев и на СДСМ“, посочи Димовски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека кога СДСМ раководеле во Штип, се затвориле најголемите индустриски капацитети.

„Граѓаните се мудри и знаат дека економската состојба, стандардот зависи од општиот развој на економијата. Колку повеќе фабрики се отворат во Штип, толку ќе има поголема побарувачка на работна сила и повеќе ќе растат платите, што ќе влијае на целиот промет во градот. Граѓаните нема да веруваат на политичари кои ветуваа по еден вработен од секое семејство, а ништо не исполнија“, потенцираше Димовски.

Најчитани вести