Димовски: Имавме претчувство дека СДСМ е некако решен да испровоцира конфликт

Кај нас постоеше некое претчувство дека СДСМ е некако решен да испровоцира конфликт, а неколку пратеници од јавно од говорница упатуваа на апел, молба да не се влезе во дополнителна поделба на граѓаните во Република Македонија кога и онака сме биле многу поделени по партиска, по политичка, по идеолошка основа, изјави во текот на гостувањето на ТВ Нова во петокот вечерта пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Ние во текот на денот (четвртокот -з.р.) имавме претчувство дека СДСМ е некако решен во тој правец, со оглед на настапите на господинот (претседателот на СДСМ, Зоран) Заев во Собрание и со оглед на прес-конференциите кои ги имаше. Неколку пратеници од нас јавно од говорница упатуваа нa апел, молба да не се влезе во дополнителна  поделба на граѓаните во Република Македонија и онака сме многу поделени по партиска, по политичка, по идеолошка основа. Немаше никаква потреба да се настапи на овој начин затоа што овој начин создава само проблеми, не решава проблеми, овој начин не е аирлија, не е добар начин“, рече Димовски.

Пратеникот од редовите на најголемата пратеничка група во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ, им се заблаgодари на пратениците кои останаа мирни, стабилни, достојни на задачата и не дозволија да се случи таков тип конфликт, незнаејќи дека подоцна ситуацијата ќе се развива во ваков апсолутно непосакуван правец.

 

„Очигледно нашите молби не дадоа резултат, очигледно беше ова дел на некакво сценарио. Многу дилеми, многу прашања, зошто токму во 18 часот, а не во 14 часот, зошто така, зошто внатре во сала имаше пеење и на албанската химна. Претходно кај некој од нашите пратеници имаше чувство дека желбата беше да се испровоцира и конфликт помеѓу пратениците. Јас сакам да се заблагодарам на сите пратеници коишто останаа стабилни, мирни, достојни на задачата и не дозволија да се случи таков тип на конфликт, незнаејќи дека подоцна ситуацијата ќе се развива во ваков апсолутно непосакуван правец“, додaде Димовски.