петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 72

Димовски: Истокот на Македонија секогаш бил патриотска брана за интересите на државата

Димовски најави продолжување на партијата со позитивна кампања заедно со граѓаните за согледување на нивните проблеми и потреби.

ilijadimovski1-640x360

Последни вести

Членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, денес оствари средби со граѓани во Делчевско.

-Денес сме во Делчевско на средби со многу граѓани, разговараме за проекти, како и секогаш до сега. ВМРО – ДПМНЕ ќе разговара со граѓаните за инфраструктура, за патишта, за нови работни места. Тука граѓаните се свесни дека во изминатите години ВМРО – ДПМНЕ вложи огромни средства за инфраструктурно поврзување на источна Македонија со централна Македонија. Во буџетот на Република Македонија има преку 440 милиони евра за инфаструктурните огромни проекти кои што се случуваат во источна Македонија, изјави Димовски.

Тој истакна дека сите проекти и мерки одат во насока на зголемување на работните места за граѓаните од источниот дел на Македонија и порача дека ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи со работа и го очекува моментот кога и во Делчево ќе се удри првиот камен темелник на странска инвестиција.

ilijadimovski

-Градењето на автопатот до Штип, експресниот пат до Кочани и реконструкцијата на патот до Делчево за овие граѓани ќе значи многу затоа што комуникациски ќе бидат многу поврзани со центарот на државата, но и така на тој начин заедно со припремите и изградбата на индустриската зона се надеваме во наредниот период ќе постигнеме и да донесеме и странски инвестиции како и во другите градови во источна Македонија. И во Делчево да го видиме моментот кога ќе удриме камен темелник за некоја странска инвестиција. Исто така паралелно се работи на физибилити студија за голем рудник во околината на Делчево. Во секој случај активностите на Општина Делчево се за истакнување во смисла на комунално, инфраструктурно обновување на градот, изградба на улици, водоводи и канализации, градинки, реконструкција на училишта и сето она што е неопходно и што го бараат граѓаните. За истакнување е изградбата на патот, до туристичкиот центар Голак, потенцираше Димовски.

Димовски најави продолжување на партијата со позитивна кампања заедно со граѓаните за согледување на нивните проблеми и потреби. Но и порача дека и овде граѓаните сакаат да слушаат за проекти и инвестиции и дека ќе ги одбранат државните интереси кога се во прашање идеите за двојазичност, редефинитирање на државата и промена на уставното име.

ilija

-Во таа насока разговараме со луѓето и разговараме кои се другите барања и интереси на граѓаните. Нашата намера е со позитивен пристап да разговараме токму за она што ги интересира граѓаните, заради тоа што како и на другите места во источна Македонија и овде во Делчево, ниту еден граѓанин не сака да прифаќа ниту двојазичност ниту редефинирање на државата, ниту промена на уставното име. Истокот на Македонија секогаш бил патриотска брана за интересите на Република Македонија и овој пат масовно и единствено ќе застане зад новите проекти, зад новите мерки, новите инвестиции, новите работни места и ќе застане зад одбрана на државните интереси на Република Македонија, истакна Димовски.

Најчитани вести