Димовски: Македонија максимално да ги користи можностите за поголемо производство на храна

Македонското земјоделство постигна задоволителни резултати, но останува уште многу работа за поагресивно освојување на новите пазари особено во оние држави каде што не се чувствуваат последиците од глобалната економска и должничка криза, вели ресорниот министер Љупчо Димовски во интервју за МИА.

Македонија, порачува Димовски, треба максимално да ги користи можностите и компаративните предности во насока на што поголемо производство, преработка и продукција на храна. Неопходно е да се подобри и неповолната структура на малите стопанства кои се доминантни, преку нивно здружување во кооперативи и почнување на политиките на окрупнување и консолидација на земјоделското земјиште.

„Решенијата за поголемо производство ги гледаме во политиките што ги имплементираме и со кои се става акцент на поддршката на конкурентните извозни сектори на кои се насочени  60 отсто од сите директни плаќања. Обезбедуваме постојана поддршка за подобрување на додената вредност на овие производи, флаширано место наливно вино и преработки наместо сурови проиводи, преку поддршка на инвестициите во нова, современа опрема и механизација со мерките за рурален развој, обезбедување поволни кредити и силна подршка на маркетингот“, истакнува министерот.

Воедно информира дека е во тек подготовката на ИПАРД програмата за следниот период 2014-2020 во која е предвидено вклучување и на агро-еколошките мерки.

Димовски во интервјуто зборува за  субвенционирањето, задругите, регулирањето на пазарите, ИПАРД, климатските промени,… Се осврнува и на состојбата со земјоделската механизација која, вели, се уште е една од најслабите точки за практикување современо земјоделство и зголемување на продуктивниста на фармите.

Безбедноста на храната, потенцира, останува меѓу приоритетите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.