Димовски: Македонскиот народ дал 44.000 жртви за да имаме своја држава

На денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека не така одамна во Вардарска Македонија изгубени се 24.000 млади животи, во Егејска Македонија 20.000 животи, односно македонскиот народ дал над 44.000 жртви за идејата за слобода, сувереност и право на македонскиот народ да има своја држава.

-Сега замислете требало да поминат само 60-70 години за да се јави една нова генерација на пратеници кои што молчат, знаат дека има Платформа, знаат што е прифатено, молчат зошто, зошто некој од нив треба да стане министер и ќе биде министер, 6 месеци или  4 години нека биде. Замислете тие не се подготвени да ја дадат својата жртва, потенцираше Димовски.

Тој на  крајот додаде дека жали што сеуште ниту еден пратеник од СДСМ не собра храброст да го жртвува својот мандат од неколку месеци и да ја каже црвената линија.