Димовски: Малцинствата во Македонија уживаат најголеми права во Европа

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница нагласи дека Република Македонија е единствената земја во Европа во која се признати правата на малцинствата за разлика од другите земји во опкружувањето.

За Димовски неразбирливо е како тоа Македонија е нон стоп на таргет дека не ги почитува правата на малцинствата, додека Македонците кои што се малцинство во другите земји не можат ниту да го изучуваат својот мајчин јазик, а некаде не ни можат да кажат дека се Македонци.

Димовски додaде дека во изминатите денови на отворање на мост во Општина Гостивар каде што Македонците се 35%, официјалната прослава се водела само на албански јазик. Тој запраша за каков соживот и за какво почитување на права се залагаат Албанците кога тие ги игнорираат Македонците во средините каде што се мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.