Димовски: И на анкетите што ги нарачува СДСМ води ВМРО-ДПМНЕ!

Секаде каде што одиме,  уште сега се гледа победникот на 11 декември и нема дилема кој ќе победи, а останува уште една недела да си изработиме се што остана и да дојдеме до бројката од 63 пратеника, рече Илија Димовски носител на ИЕ 3 денеска во Кратово каде Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржува митинг.

-Гледам нивните рејтинг агенции кои што прогнозираат анкети веќе тие самите велат дека СДСМ ќе изгуби. Истите оние агенции кои што пред две години прогнозираа дека Пендаровски ќе го победел Ѓорѓе Иванов, а на резултатите тие изгубија со 200.000 гласови, денеска тие велат ВМРО-ДПМНЕ води, ама малку води, но чим тие велат дека ВМРО води разликата ќе биде огромна, истакна Димовски.