Пратениците кои присуствуваа на координациијата за составот на Комисијата за избори и именувања се согласија претседавањето да го добие ВМРО ДПМНЕ.
Претседател на Комисијата за избори и именувања ќе биде Илија Димовски.
ВМРО ДПМНЕ инсистираше да го добие претседателот на оваа комисија, поради тоа што има најголем број на освоени пратенички мандати. Претходно на инсистирање на ВМРО ДПМНЕ тие добија 6 члена во оваа Комисија, СДСМ 5 и по еден ДУИ и БЕСА.
Продолжението на конститутивната седница на собранието на која се очекува да се избере новиот претседател на Собранието, ќе се одржи во понеделник.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.