Македонија

Димовски ја повика опозицијата на „мнозински дуел“

Димовски ја повика опозицијата на „мнозински дуел“
СДСМ предлага враќање 40 години назад, кога имаше само една телевизија и два дневни весници

Илија Димовски на денешната седница во Собранието ги повика пратениците на опозицијата на „мнозински дуел“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ апелираше до пратениците на СДСМ спротивно на одлуката на нивната партија да не бидат послушници на партиските одлуки, туку да прифатат понуда од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да се изгласа промена на изборниот модел во мнозински систем и партиите да се соочат во населените места и да се види кои пратеници биле избрани без гласови.

Димовски ја повика опозицијата на „мнозински дуел“
Димовски ја повика опозицијата на „<strong>мнозински дуел</strong>“

Тогаш ќе видиме колку пратеници СДСМ ги има од Прилеп, ќе видиме колку ќе има од Велес, од Охрид, од Штип, од Пробиштип…. Затоа ве молам, ова го кажувам добронамерно од аспект дека не е добро уште на првата седница да почнеме со навреди, со омаловажувања, со закани. Немој да мислите, искрено кажувам, дека некој ви се плаши, рече Димовски одговарајќи на обвинувањата на опозициските пратеници на сметка на власта и заканите дека ќе ги изгубат изборите во април следната година, пренесе МИA.

Димовски до опозицијата: Нашата сила не ја црпиме ниту од вас, ниту од никој друг, туку ја црпиме од нашите сограѓани
Димовски до опозицијата: Нашата сила не ја црпиме ниту од вас, ниту од никој друг, туку ја црпиме од нашите сограѓани

Ние, дополни Димовски, нашата сила не ја црпиме ниту од вас, ниту од никој друг, туку ја црпиме од нашите сограѓани.

И секогаш кога ќе работиме врз принципи и очекувања на граѓаните, секогаш кога ќе гласаме програма за која што сме добиле легитимитет, секогаш кога ќе зголемуваме плати, секогаш кога ќе зголемуваме пензии, социјални помошти, секогаш одлучуваме за нови училишта, за нови болници, за реконструкција во болниците сме силни, а тоа го правиме во континуитет, истакна Димоски.

 

Повеќе за мнозинскиот изборен модел на следниот линк.