Oтворање нови фабрики и нови работни места е мотото на новиот владин состав

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своето излагање во Собранието истакна дека поминало времето на добри говорници и манипулатори туку граѓаните бараат резултати, да се работи и да се создава.Според него, Владата наметна нови стандарди на работа како што се отворање на фабрики и изградба на нови.

„Резултатите на Владата се репер за идниот развој на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Приоритетот на граѓаните е приоритет и на избраниците во Собранието. Токму отворањето на нови фабрики и нови работни места се мото на новиот владин состав.Ќе продолжиме со темпото на намалување на невработеноста, а преку порастот на БДП, индустриското производство ќе се мери успехот на оваа Влада,“ истакна Димовски.

Тој се осврна и на бојкотот на опозицијата на Собранието, притоа истакнувајќи дека истиот не може да се разбере, да се прифати.Според него треба да се дебатира во институциите, а одговорноста ќе треба да се сноси.Во следниот период се очекува да продолжат реформите во здравството и образованието, но и да се помагаат ранливите групи на граѓани.
Во насока на поддршката на економијата ќе се продолжи и со субвенциите, инвестициите во земјоделството и инфраструктурата.

„Ќе продолжиме со самоисцрпувачкото темпо на работа, бидејќи само на тој начин се постигнуваат резултати. Намалување на темпото на работа на било кој функционер ќе биде забележано од страна на граѓаните кои токму поради работата и видливите резултати и ја дадоа довербата,“ истакна Димовски.